Цените на бензините на „нагорнина“

За три денари од ноќеска на полноќ ќе се зголеми цената на „Еуросупер 95“ кој во наредните две недели ќе се продава по 71,5 денари за литар.

Цената на „Еуросупер 98“ оди 2,5 денари нагоре и ќе изнесува 73 денари за литар.

Малопродажната цена на „еуродизелот“ се зголемува за 1,5 денари – на 62,5 денари, додека на „екстра лесно“ маслото за домаќинство цената ќе изнесува 51 денар.

SHARE

Оставете Коментар