Од 50 до 60 американски долари, Фармацевтската компанија Модерна планира да ја продава стандардната доза на вакцина против коронавирус.

Тоа е за приближно 11 американски долари повеќе од цената на вакцините што ќе ги продаваат „Фајзер“ и „БиоНТех“, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.

Модерна ја држи таа цена за САД и другите побогати земји. Американската влада и обезбеди на Модерна финансиска поддршка од речиси една милијарда американски долари за поддршка на напорите за истражување и развој за потенцијална вакцина против Ковид-19.

SHARE