Министерот за здравство Венко Филипче, соопшти дека Центарот за зависници од дрога од општина Кисела Вода ќе биде дислоциран во поранешната менза на фабриката „Металскиот Завод-Тито“.

Министерството за здравство веќе има добиено решение од градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски. Дислокацијата треба да се случи до крајот на годинава.

Но, се чин тоа ќе биде тешко изводливо:

Објектот не е во сопственост на општината, за таа да може да дава согласност за користење.

Ако веќе општината треба да се изјасни, оваа одлука мора да помине низ Советот, односно за неа да гласаат советниците од сите партии. Како Георгиевски сам одлучил дали нешто може или не смее да се случи, тоа допрва ќе треба да се обелодени.

Главниот проблем поради кој се јави потреба за дислокација на Центарот за зависници се ужасните услови и чувството за небезбедност меѓу граѓаните на општина Кисела Вода. Овој Центар требаше само времено да биде лоциран во општината, но таму е останат веќе 20 години.

Сега, ќе биде решен проблемот со та што стравот на граѓаните од Кисела Вода, ќе се префрли на граѓаните на Гази Баба.

Но, веќе има реакции:

„Почитувани сограѓани, заедно да кажеме СТОП за намерата на Владата, Центарот за зависници од Кисела Вода да го смести во кругот на фабриката во МЗТ во општина Гази Баба. Како граѓани немаме против оваа категорија на граѓани и нивните права и потреби, но нема да дозволиме никој да го нарушува мирот на нас и нашите семејства“-стои во апелот и пораката на социјалните мрежи објавени во групата „Наша Гази Баба“.

Извор: Курир

SHARE