Централен регистар: Фан страницата ни е хакирана

Централниот регистар соопшти дека Фан-страницата на оваа институција била хакирана и бараат содржините кои ќе бидат објавувани од таа страна граѓаните да ги игнорираат.

„Фан страната на Фејсбук е креирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен регистар се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие“, се наведува во соопштение на Централниот регистар.

Овој случај, како што велат, ќе биде пријавен до Секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваат апел истражните органи да го испитаат.

SHARE