Чекајќи ја ЕУ се договара „Мал Шенген“

Македонскиот премиер денеска во Охрид ќе биде домаќин на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.

Централна тема на средбата се очекува да биде договорот за „Мал Шенген’ за кој тројцата политичари неодамна во Нови Сад потпишаа заедничка декларација.

По средбата ќе следи пленарна сесија на лидерите од Западен Балкан со претставници на меѓународни организации и институции, меѓу кои, Европска банка за обнова и развој, Регионален совет за соработка, Европска комисија, Светска банка и Европска инвестициона банка.

SHARE