Честиташе ли премиерот прв училишен ден со “позајмени” мотиви?

Како и во неколку наврати предходно кога владата во своите кампањи користеше туѓи автораки дела најверојатно и вчера премиерот Заев на учениците и првачињата и го честиташе првиот училишен ден со “позајмена” фотографија.

Тој на децата им посакува да бидат успешни и во исто време го поттикнува прашањето дали учениците треба да го почитуваат туѓиот труд и креативност или можат слободно да крадат од интернет и туѓиот труд да го прикажат како свој.

“На сите ученици, а особено на првачињата, им го честитам почетокот на новата учебна година. Бидете љубопитни и успешни, бидејќи почнувате една многу важна етапа во нивните животи. Истражувајте го светот околу вас и радувајте се на секое ново знаење”, порачува премиерот во текстот на кој е прикачена фотографија од училишна и опрема за која не го наведува изворот.

За оваа фотографија на интернет пишува дека има авторски права а користена е пред еден месец од страна на градските власти на бразилскиот град Сокоро при почеток на учебната година.

За неа нема ознака дека “Royalty free” односно дека може да се користи слободно од корисниците на интернет.

Дали владата платила авторски права за користење на фотографијата или пак таа е едноставно украдена и прикажана како нивна не пишува во постот на премиерот.

SHARE