Честитка од Иванов до католичките верници за Велигден

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и eпископ струмичко-скопски, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

Верниците на Римокатоличката црква во Македонија овој викенд ќе го одбележат најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден. Овој Велигден ќе го слават само верниците на Католичката црква, кои се дел од Грегоријанскиот календар, преостанатите католици кои се дел од византискиот обред Велигден ќе го слават следната недела, на 28 април. Тогаш Велигден ќе го слават и православните, но и христијаните од евангелско-методистичката црква кои, исто така, го користат Јулијанскиот календар.

Традиционално, централното одбележување по повод празникот ќе биде во сабота навечер, во католичката црква „Пресвето срце исусово“ во Скопје, кога ќе се одржи велигденската воскресна литургија.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.