Четири лица нападнати со нож во Париз


Четири лица биле повредени денеска во напад со нож во близина на поранешните канцеларии на сатиричното списание „Шарли Ебдо“ кое пред пет години беше цел на терористички напад.

Полицијата уапси две лица осомничени за нападот. Според неименуван полициски извор, една жртва е сериозно повредена, но тне е во критична состојба, објави Ројтерс.

Претставник на полицијата во Париз претходно објави дека едно лице е уапсено, иако има индиции дека нападот го организирале две лица.

Во Париз во тек е судењето на лицата кои помагале на напаѓачите на редакцијата на сатиричниот неделник Шарли Ебдо. Во терористичкиот напад во 2015 година двајца исламисти, инаку браќа, убија 12 и ранија 11 лица.

SHARE