Четири нови починати од Ковид-19, Филипче оцени дека епидемијата стивнува

Нови четири смртни случаи од ковид-19 во изминатото деноноќие до Македонија, со што вкупната бројка достигна 77.

Министерот за здравство Венко Филипче, сепак, констатира стивнување на епидемијата врз основа на 111. оздравени пациенти во последните 24 часа, со што вкупната бројка на излечени достигна 738 и првпат е поголема од таа на активни случаи (650).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.

Вкупната бројка на лица кај кои е дијагностициран коронавирус е 1465.