Четири починати, 13 нови случаи на коронавирус

На Клиниката за инфективни болести починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) и 81 годишна пациентка од Куманово, и двете страдале од висок крвен пристисок, соопшти денска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според официјалните податоци, починати се и 47-годишен Кумановец, кој бил третиран во „8 септември” и 66 годишен пациент од Битола кој имал срцева слабост и цироза, а бил хоспитализиран во битолската болница.

Во последното деноноќие потврдени се 13 нови случаи на КОВИД 19 во земјава. Петмина од Куманово, четворица новозаболени има во Скопје, а во Прилеп и во Тетово, за 24 часа, евидентирани се по двајца заразени со КОВИД 19.

Но, продолжува позитивниот тренд на оздравени, па во последните 24 часа регистрирани се 53 оздравени пациенти.