Четири сценарија како е фатен џипот на началникот на БЈБ во Грција (ВИДЕО)

Едно од неразјаснетите прашања што остана од скандалот џипот на Лазе Велковски началникот на Бирото за јавна безбедност е кој го снимил како патува во Грција и кој го следел возилото до автокампот каде што полициски службеник ги однесол ќерка му и нејзините другарки.

Откако ќе се исклучи можноста дека некој случајно го снимил затоа што на видеото се гледа дека тој што го снима џипот на грчка територија подзапира и чека возилото да дојде “во кадар” за снимање, во игра се четири најверојатни сценарија:

1. Џипот на МВР го снимале грчки полициски службеници кои што предходно не добиле најава од колегите од Скопје дека ќе доаѓа екипа со возило кое што е донирано од ЕУ за полесно справување со миграциската криза. Грција како членка на ЕУ практично е донатор на џипот и тамошната гранична полиција точно знае кој го вози ова возило и за каква намена треба да се користи. Тие денови грчката и македонската полиција немале заеднички состаноци и активности.

2. Џипот е снимен од луѓе во МВР кои што се блиски на опозицијата а кои знаеле дека возилото го користи шефот на БЈБ за приватни потреби.

3. Џипот е снимен од припадници на МВР кои што се блиски на министерот Спасовски а кои не биле задоволни од предходни одлуки и решенија на началникот Велковски. Во јавноста веќе излегоа информации дека Спасовски не бил задоволен од Велковски кој прдходно уапси близок соработник на министерот кој барал начин како да го смени.

4. Џипот е снимен од полицајци кои што точно ја знаеле рутата, патниците и целта на џипот а кои предходно имале лични недоразбирања со Велковски кој ги казнувал и прерасподелувал на полоши работни места.

Во линкот, видеото во кое се гледа како тој што го снима џипот застанува и точно знае за кое возило се работи и кога да ја вклучи камерата.

МВР проверува дали службен џип се вози илегално по грчки плажи (ВИДЕО)