Светската здравствена организација ќе одржи состанок на Стручниот комитет за итни случаи по појавата на коронавирус во Кина.

Се очекува Светската организација да донесе одлука дали епидемијата на смртоносен вирус во Кина претставува вонредна ситуација на меѓународно ниво откако вирусот, кој за прв пат е откриен во градот Вухан и заразил скоро 200 луѓе, се раширил во другите кинески градови, вклучувајќи ги и Пекинг и Шангај, но и надвор од Кина, објави синоќа Ројтерс.

Кинеската Национална здравствена комисија претходно потврди денес дека новиот коронавирус, кој предизвикува пневмонија, се пренесува од човек на човек и заразил некои членови на медицинскиот персонал, објави официјалната кинеска новинска агенција Синхуа.

Во Кина се потврдени вкупно 300 случаи на коронавирус, фицијално е потврдено дека четири лица починале од пневмонијата предизвикана од новиот вирус.

SHARE