Четирите фази во „Рекет“ и некои други прашања – пишува Горан Момироски

Од тоа што во послединиве дваесетина дена го слушам од луѓе во власта, опозицијата, невладиниот сектор, од странските и домашни дипломати но и од луѓе од правосудната фела можам да заклучам дека случајот „Рекет“ како противправно дело не е важен само како точка на судир во македонските политичко – партиски битки за власт туку и како пример за идните учебници по криминологија и политички системи.

Во „Рекет“ има неколку различни делови и затоа е важно да се разграничат секоја од фазите во вршење на кривичните дела кои се досега опфатени во постапката или кои допрва ќе бидат премет на истрага.

Рекет започнува кога со својата невладина организација „Меѓународен сојуз“ Боки 13 иницира измами и гради политичко влијание.

Во оваа фаза за која странските набљудувачи се најмногу загрижени, најважна е идејата со првично одземените пари преку изнуда да се отвари велијателен медиум, 1ТВ. За странците е вџашувачки што медиумот е формиран со цел да се обликува јавното мислење за поддршка на Власта но како што ќе се види подоцна и за одбрана на криминалот на сопственикот Боки 13 и неговите соработници.

Овде најпоразителен е фактот што дел од новинарската екипа во медиумот има блиски односи со важни дипломатски кругови во земјава и во странство а тие со ништо не укажале дека во 1Тв се случуваат вознемирувачи процеси.

Откако е поставен првичниот систем, од „Измама“ со помош на важни фигури во власта криминалната група за која се уште се утврдува колкаво членство има преоѓа во нова фаза и истовремено во кривично дело “незаконско посредување со мито заради стекнување на политичко влијание”.

До крајот на овој дел од процесот кој заврши со апсење на Катица Јанева се врши рекет врз однапред селектирани лица за кои има компромитирачки материјал или се инволвирани како осомничени во судски постапки.

Четвртата и веројатно најопасна фаза за инволвираните започна вчера со објавување на исказот на Орце Камчев кој пред обвинителството уште не 2 мај открива низа детали и лица кои укажуваат на нови индиции за инволвираност во криминалот.

Освен за политичари, новинари, бизнисмени овде зборуваме и за најмалку двајца членови на тимот во Обвинителството кој го следи процесот а кои направиле тешки прекршувања на законот со непостапување.

Речиси сите упатени во случајот укажуваат дека за да се дојде до вистината треба да се следи текот на парите. Во овој правец неопходно е веднаш да се дадат одговори за трансферот на значителна сума пари од Македонија во една екс југословенска држава од страна на наша модна икона до спортски херој.

Суштински информации можат да се добијат и преку исплатата на познат битолски бизнисмен кој на непозната пензионерка за идеја и платил хонорар во износ од фантастични 720 илјади евра.

Финансиската истрага мора да открие каде освен во еден медиум завршиле парите за кои се зборува во Рекет.

Звучи речиси неверојатно дека Финансиското разузнавање без поголеми проблеми дозволило трансфер на 720 илјади евра на име хонорар на една пензионерка која предходно толку пари видела само на филм.

Делот од тимот на обвинителката Русковска кој дал дозвола за овој трансфер за кој можат да сонуваат најголемите македонски интелектуалци допрва ќе биде во фокусот на истрага, но тогаш таа нема да ја води шефицата на тој што потпишал за трансферот туку други институции.

Покрај главните лица во досегашните медиумски и обвинителски информации има уште прашања чии одговори нема начин да бидат скриени.

Една од темите во овој контекст е поврзана со екс директор на голем комуникациски систем кој платил огромна сума пари за да се спаси од притвор но за тоа не го известил обвинителството како што тоа го сторил Камчев.

Посебен но не помалку важен аспект на целата афера е кои се обвинителите и функционери во СЈО и Финансиската полиција кои давале тајни податоци за компании за да може Боки 13 и неговата групација да уценуваат за реклами за телевизијата со кои биле плаќани дел од новинарите кои беа критички настроени кон опозицијата а се обидуваа да ги фалат владините политики и функционери.

Јавниот обвинител Јовески со својата изјава дека нема индиции за инволвираност на политички фактори во Рекет ни укажа на една голема дилема.

Или тој не е информиран што му се случува во обвинителството или свесно крие информации. Речиси јавна тајна е, дури и пред објавувањето на исказот на Камчев, дека ЈО истражува наводи за перење на пари од страна највисоки функционери на СДСМ. Поради ова Јовески наскоро ќе мора да ја дообјасни својата изјава која што наликуваше на изјавите на портпаролот на владеачката партија.

Јовески може да биде во право само ако зборува за функционери на СДСМ кои што веќе не се дел од највисоките партиски структури на СДСМ иако и таа позиција е повеќе од сомнителна.

Сепак истрагата на Управата за јавни приходи која започна засилена контрола на фирмите и невладината на Боки 13 во која членуваат високи функционери му даваа мал простор за маневар во дилемата дали со оставка да спаси што може да се спаси или како и човекот што го предложи, премиерот Заев, да одат до крај и да го уништат имиџот и на институциите што ги раководат.

Во делот на перење пари и Јовески и Рускоска мора да знаат дека јатрвите, золвите или балдските на високи партиски и владини функционери без разлика дали ќе се третираат како дел од семејство, не успеале да ги скријат сите траги што водат до докази и луѓето со чиј амин на Македонија и се случува овој историски срам поради кој се почесто особено странците се сомневаат дали Македончето има капацитет да има и да води своја држава.

А големите приказни допрва почнуваат……..

SHARE