Четворица починати, 19 новозаразени – оздравеле 16


Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1.

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 110.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката. 

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-1, Тетово-3, Велес-1, Кочани-1 и Неготино-3.