Четворица починати, 85 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа, починале 4 лица од последици на коронавирус: Два од Скопје (72г. и 84г.), пациент од Дебар (62г.) како и пациентка од Штип на возраст од 66 години.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19.

Оздравеле 45 лица, јави ИЈЗ.

SHARE