Чибишев: Некои од болниците во Скопје се пред финансиски колапс, а персоналот преморен и на крајот на силите

Доктор Андон Чибишев вели дека здравствени власти во изминатиот период потфрлиле со доопремување на болниците во внатрешноста на државата.

-Здравствените власти во Македонија во изминатиот период наместо да ги доопремат и кадровски да ги доекипираат болниците во внатрешноста на државата, парите ги трошеа за компири, по некое литро евтино масло за јадење и тоалетна хартија. И, сега кога одговорноста е повторно кај нив се случува клиниките во Скопје да бидат пренатрупани со пациенти, некои од болниците во метрополата се пред финансиски колапс а персоналот е преморен и на крајот на силите. Епа, да не се чудите што колегите одбиваат да примаат пациенти од внатрешноста, не можат веќе, навистина не можат да го поднесат товарот кој им се става на грбот, пишува Чибишев на Фејсбук.

SHARE