Чиј претседател е Пендаровски? – Пишува Роберт Димитриевски

Уште пред да биде избран за шеф на македонската држава, секој нов станар на вилата „Водно“ порачува дека ќе биде претседател на сите граѓани. Така и Стево Пендаровски.

Арно ама, помалку од пет месеци од преземањето на највисоката функција му беа доволни на наследникот на Ѓорге Иванов за да го демантира тоа. „Ничим изазван“, се истрча со фантазмагоричен став за ликот и делото на Гоце Делчев и му бркна во око на македонскиот народ. Како да сакаше да се одмазди што на изборите загуби од Гордана Силјановска-Давкова во најголемиот дел општини со доминантно македонско население, Пендаровски го дефинира Делчев како Бугарин што се борел за независна Македонија.

Очекуваниот одиум потоа се обиде да го денфува со констатацијата дека револуционерот во негово време не ни можел да се декларира како Македонец. По што Софија скокна како попарена, па првиот „президент“ на „Северна“, а се претставува како петти, го остави црногорскиот колега Мило Ѓукановиќ сам да се поклони на гробот на Делчев.

Олку грешки во чекори за кратко време, и тоа на ист терен, можат да се протолкуваат само како обид на Пендаровски да одигра за Зоран Заев, оддолжувајќи му се за номинацијата и за поддршката на изборите. Преземајќи го врз себе валканиот дел од работата да се подготви македонската јавност за голтање уште една жаба во односите со Бугарија, тој го поштедува премиерот од нов удар врз неговиот и онака урнисан рејтинг, посебно кај Македонците.

Ако тоа не му е мотивот, тогаш може веднаш да ги распушти советниците во својот кабинет. Чуму му се ако не му го кажат тоа што секој нормален би го советувал – да не им се меша во работата на историчарите, бидејќи е некомпетентен, како што и му порача бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Ако, пак, почувствувал потреба нешто да каже, има илјада и еден начин тоа да го стори во завиена форма, дипломатски. Да повика за смирување на страстите од двете страни, да ја повтори мантрата на бугарските политичари од не толку одамна дека треба да гледаме напред, а не кон минатото…

Меѓутоа, Стефо, како што го нарече борачот Нуров, избра да „(за)гине“ без никаква видлива придобивка од таквиот чин. А тој е сè само не херојски во перцепцијата на повеќето Македонци, кои од „таткото на нацијата“ најмалку очекуваат „брљавење“ за суштински прашања поврзани со националниот идентитет. Посебно по канонадата врз неговите столбови со договорот од Преспа, со тој за добрососедство со Бугарија и со практичната реализација на платформата од Тирана.

Оттука се наметнува прашањето чиј претседател е Пендаровски и во чие име зборува? На „нашата земја“, на Бугарите, на „меџународната“, во свое лично име? Или е „косоварски прецедник“, што вели Апасиев?

Македонски не е и не може да биде, и да сака. Како што јасно пишува во упатството на Министерство за надворешни работи по потпишувањето на Преспански договор, зад кој и Стево застана: