Чилиманов до Бошњаковски за аерозагадувањето: Важно газдата ти е на безбедно

Темата е аерозагадувањето.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски утринава на Фејсбук објаснува дека Владата презема мерки за намалување на аерозагадувањето.

“Денеска и утре, сите државни и јавни институции од работни обврски мора да ги ослободат трудниците, луѓето постари од 60 години како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста. Ослободени од работа се и онколошко болните и оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања. Истото му се препорачува и на приватниот сектор”, пишува портпаролот на Владата.

Во коментарите Бошњаковски добива барање да не збори за планови туку за реализација.

“Државниот сектор пола седи дома и лапа плата, не е во опасност од загадувањето. Приватниот сектор не работи со препораки, да работеше тогаш шивачките во Штип ќе земаа нормална плата и ќе имаа нормално работно време. Меркиве против загадување ви се смешни, седнете и поработете малку затоа што и вашите деца истиот воздух го дишат.
Чекање да дувне ветер, да заврне дожд/снег не се мерки за кои ве гласаше народот, или сега ќе извадите уште некој ПЛАН за спас од загадувањето? Планови не ни требаат, ни треба реализација!!!”, пишува еден граѓанин.

Во дебатата се вклучува и новинарот Цветин Чилиманов.

“Битно шефот ти е на безбедно, на Алпите негде”, му пишува Чилиманов на Бошњаковски за премиерот Заев кој е на зимски одмор кој започна во Германија.

Портпаролот не одговара.