Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев синоќа донел одлука да ги разреши сите претседатели на општински ограноци партијата, и дека тоа е дел од почетокот на промените кои ги очекуваат граѓаните. Тој кажа дека во текот на денешниот ден админиситарцијата во СДСМ во текот на денот ќе ги подготви решенијата и тој ќе ги потпише, објави порталот СДК.

„Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, дружењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, како и на сите оние претседатели на општинските организации каде се победи на изборите. Апелирам повторно да бидат кандидати и да се кандидираат на следниот конкурс што идната седница ќе биде објавен во постапка“, рече Заев.

Тој кажа дека во првата половина на јуни ќе ги објават промените и во јавните претпријатија, министерствата и владата и дека веројатно следната недела ќе има средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети, бидејќи до кајот на неделата ќе се разговара во рамки на партиите, а веќе од следната недела ќе почнат да излагаат на површина и одредени одлуки.

„Секако следат одлуки за промени во највисокото раководство, во другите повисоки органи и тела на партијата, буквално на секое ниво“, рече Заев, пренесува порталот СакамДаКажам

SHARE