Чкатроски: Нема потреба од реформи во Владата, таа е блокирана од системот на Груевски

Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски тврди дека е смешно да се мисли дека на владата и требаат реформи.

Според него вината за неефикасноста на Владата на Заев која повеќе од 2 години е на власт треба да се бара во системот поставен од Груевски кој тој го нарекува генијално негативен.

“100 пати напишав, еве пак. Смешно е да мислите дека се потребни реформи во владата, многу смешно е.

1.Проблемите на оваа земја се од суштинска системска природа

2.Проблемите на оваа влада се од суштинско непознавање и не детектирање на системот на полуги за (де)блокирање на работењето, намерно создаден од Груевски и неговите генијалци. Генијално негативно.. ама е генијално.. Цела администрација се дави во оваа неработа добро осмислена, се губи енергија, пишува и допишува.. и се бара одобрение од истанци кои по закон не се одговорни за барањето.. вртење во круг.. без никакви резултати создава ЗАКОЧЕНОСТ..”, пишува Чкатроски.

Повеќе од 30 месеци од последните избори и 25 месеци откако СДСМ ја презеде власта во ситуација која Заев ја има апсолутната власт во земјата во која секој ден има по некој скандал во кој е вклучен функционер на власта Чкатроски вината ја наоѓа во Груевски.

“Демократска влада не може да работи со закони и мерки на автократен режим, прво и основно правило во владеењето на легислативата”, тврди Чкатроски според кого нема потреба од реформи во Владата.

Чкатроски кој е соработник на неколку меѓународни тинк тенкови лани во јуни предвиде дека земјава преговорите за членство со ЕУ ќе ги отпочне во текот на 2018 и Македонија ќе биде член на ЕУ во 2022 година.

Според Чкатровски Велика Британија уште во текот на минатата година требаше да ги укине визите за македонските граѓани а македонската дипломатија веќе работела на сличен проект со Канада.

SHARE