Чкатровски до Заев: Ќе ја платите цената со СДСМ, доцна ти е за добри советници

Политичкиот аналитичар и соработник на неколку меѓународни тинк-тенкови Даме Чкатроски смета дека премиерот Заев треба да се кандидира за претседател затоа што така нема политички да се потроши.

Чкатроски смета дека Заев и СДСМ ќе мора да ја платат политичката цена за грешките како доделување државни средства на сомнителни луѓе.

Целата кратка анализа на Чкатроски:

Да, сакав Зоран Заев за да не се потроши да си се кандидира за Претседател. Да,знам дека сте кусогледи и знам дека лесно сакате да ги потрошите хероите. Од што ги трошите оваа земја нема баш херои.

Ми напишавте дека ќе било тоа крах на СДСМ и дека ќе била ситуацијата иста како со Бранко.
Денес имате ама баш исто во секоја смисла на зборот.

Исто како со Бранко и ист СДСМ како тогаш.

На крај сепак би му дал поддршка на Зоран Заев за овие 76 пратеници да ги стокми над 80.

Само овој пат има две/три работи:

1.Кога ти укажуваат слушај. Во политиката нема апослутно мудри. Дури и Черчил ги изгуби изборите после добиената 2 Светска Војна.

2.Веќе ти е доцна за добри советници. После онаков крах на делење пари на безвезни особи не сум сигурен дека кај добрите советници би поминал ефтино, а и поразително е да бидат ефтини.

3.Политички ќе ја платиш цената тоа е прво лице еднина .., а СДСМ секако ќе ја плати цената само од 2-3 работи – недостаток на капацитет (ЛАК ОФ КАПАСИТИ), а не од вакви заебанции на правниот систем кој одамна не постои.

По овој пат кој го одбра секогаш ќе добиеш, само ретроактивностите можат да ја урушат тотално ситуацијата.

И тоа ќе не плаши сите. Овој пат малку повеќе од обично.

Поддршка за Зоран Заев ..ова беше тоа.

Ете тоа е тоа ..

SHARE

3 Коментари

  1. Откако (шарените квислиншки лубриканти и друг човечки отпад) станаа свесни дека се прочитани и дека кога тогаш ќе седнат на обвинителна клупа, и овој Чкртовски и другите почнаа да се користат со методи кои се својствени само на оние кои се плашат дека крајот им се ближи.
    Тие дури и не мора да бидат симнати од власт, сепак кај нас се вршат успешни државни удари, тие самите се доказ за тоа, значи можат и понатаму да бидат вљаст, окупаторска се разбира, само не можат да се ослободат од презирот кој им стана видлив и со кој по се изгледа не можат да живеат.
    Кутрите тие, по едно долготраен и видлив презир, се плашам дека по некоја година ќе почнат кој на лекар, кој во умоболница, а ќе има и такви кои не ќе можат да го издржат притисокот па самите на себе ќе си пресудат.

  2. ДЛАБОКО СУМ РАЗОЧАРАН ОД ГОВОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ, ВО КОЈ НЕМА НИТУ ЕДЕН СПОМЕН ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТВНОТО ИМЕ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ООН!

Comments are closed.