Чкатроски: Преговорите со Грција за името се завршени

Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски вели дека денешениот „Нон пејпер“ или позиција на грчката влада во која се вели дека Македонија не го прифаќа тоа што во Брисел го договориле министрите Димитров и Коѕиас е знак дека преговорите меѓу двете земји се завршени.

„Кога премиерите Заев и Ципрас ќе се слушнат по телефон, веќе за нас не е ни важно. Најважно е што договорите со Грција се завршени“, вели Чкатроски во изјава за expres.mk.

Според Чкатроски кој соработува со неколку меѓународни тинк тенкови „повеќе договарање за спорот со името нема да има“.

„Ако има некаква нејаснотија, или некаква мала „квака“ таа ќе се отстрани но главницата на договорите е завршена најмалку во 95% од темите. Сметам дека Спорот со Грција е разрешен. Република Македонија и Грција веќе не договараат. Преговорите се завршени“, ели Чкатроски кој важи за добар познавач на регионалните односи и спорот за името.