НАТО денеска најави вонредна седница по повикот на Турција да реагира по нападот врз нејзините сили во Сирија, соопшти воената организација.

Нападот на една членка на НАТО се третира за напад на целата Алијанса и согласно чен 4 на НАТО, секоја членка може да побара помош од Алијансата, доколку смета дека е нарушен нејзиниот територијален интегритет, политичка независност или безбедност.

Вчереа имаше голем инцидент во кој загинаа 30 турски војници, откако, според некои извештаи, војниците биле нападнати од сириската армија лојална на Башар ал Аса.

Турските војници, наводно, биле на иста локација со милитанти, кои Дамас и Русија ги сметаат за терористи.

Официјална Москва соопшти дека турските војници биле убиени токму затоа што биле во близина на „терористичките единици“.

Тензиите меѓу Турција и Русија се зголемуваат последниве денови.Москва со години ги поддржува силите на Асад, додека Анкара им помага на бунтовниците на северот на земјата.

Во меѓувреме, Русија испрати два воени брода опремени со крстосувачки ракети до сирискиот брег во Средоземното Море, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на руската Црноморска флота.