Чоколинда – нов производ на хрватскиот пазар

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ потврди дека не ѝ пречи „Подравка“ да пушти во промет производ со име „Чоколинда“.

„Сигурна сум дека овој производ би се продавал добро и на домашниот и на странскиот пазар. Можат да ме исмеваат колку што сакаат, но важно е да расте нашата држава и економијата“, изјави претседателката.

Кованицата „Чоколинда“ настана во во декември 2016 година кога претседателката им подари пакетчиња на децата во Дубровник, во кои имаше и чоколадо “Мони“ производ на српската компанија „Пионир“, поради што Колинда Грабар Китаровиќ мораше да се извини на децата и на јавноста за тоа.

Ова, пак, предизвика лавина негативни коментари низ целиот регион и мини-аферата со чоколадото „Мони“ ја објавија и странските медиуми, а аферата беше нарфечене – Чоколинда.

SHARE