Чудо ги спасило војниците на АРМ, сите се надвор од животна опасност (ФОТО)

Ниту еден од војниците на АРМ кои беа повредени во сообраќајната несреќа која се случи рано утринава на патот Штип-Радовиш не е во животна опасност, јавуваат извори во штипската болница 12 часа по инцидентот.

Со оглед на позицијата на автобусот во кој се возеле а кој го објавува expres.mk вистинско чудо е што тие се надвор од животна опасност.

Несреќата од засега непознати причини се случила кај местото познато како „Осми километар“, а во неа учествувале автобус кој пренесувал војници и комбе.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип предходно потврди дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и во тек се лекарските прегледи и снимања.

Според последните информации дел од војниците имаат повреди но ниту една не е животно загрозувачка.