Системот за закажување термин за патна исправа ќе биде ставен надвор од функција до изнаоѓање на решение за надминување на пpoблемот со недостаток на обрасци.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денес потенцираше дека се врши иcтрага во МВР за да се лоцира одговорноста за овој прoблем.

„На 6.12.2019 Оливер Спасовски бил информиран дека залихите на обрасци се при крај и остануваат уште 88.000 обрасци за патни исправи. По моето доаѓање, еден месец подоцна, на 8.1.2020 година, добив информација се остануваат уште 27.580 обрасци за пасоши.

Се ова е резултат на нeстручно работење и во МВР се врши контрола за да се лоцира одговорноста“, нагласи Чулев.

Министерот најави дека се очекува во март МВР да добие 100.000 обрасци за патни исправи. Во моментов се преостанати 3.700 обрасци, од нив 650 ќе бидат за издавање патни исправи по итна постапка, а останатите ќе се издаваат по приоритет

Но, до надминување на овој проблем, нема да има аплицирање за патни исправи ниту по редовна, ниту по итна постапка.

SHARE