Чулев: За тонски запис од ПИ-мерките за „Рекет“ прашајте го Спасовски


На прашањето дали во Министерството има тонски записи од посебните истражни мерки преземени за случајот „Рекет“, техничкиот министер Наќе Чулев вели дека одговор треба да даде поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пренесе Макфакс.

„ Целокупниот метријал е доставен до ОЈО и моментно во МВР не се чуваат копии. Ве упатувам во однос на прашањето дали постојат тонски записи од примената на ПИ-мерките да го прашате претходниот министер Оливер Спасовски или Основното јавно обвинителство“, рече министерот Чулев.

Тројца службеници од МВР по налог на Обвинителството ги спровеле посебните истражни мерки за случајот „Рекет“, потврди Чулев.

SHARE