Ципрас: Без “Преспанскиот” Македонија ќе се распадне, Голема Албанија на граница со Грција

Грчкиот премиер Ципрас денеска предупредил дека ако Скопје не го ратификува Преспанскиот договор Македонија ќе се распадне а Грција на својата граница ќе ја има Голема Албанија.

Во веста на српската државна агенција Танјуг се вели дека според Ципрас Грција нема интерес да дојде до дестабилизација на својата северна граница.

“Нам не ни е во интерес да се распадне ФИРОМ и можноста да се создаде Голема Албанија на нашата граница”, пренесува Танјуг која јавува дека веднаш откако ќе помине во Скопје Преспанскиот договор ќе влезе во грчкиот парламент и тоа во текот на јануари.

Доколку Независни Грци одбијат да го поддржат договорот тогаш Ципрас планира да побара поддршка од други партии во парламентот, се вели во веста што ја пренесуваат повеќе српски медиуми.

SHARE

Оставете Коментар