Ципрас го кани Мицотакис на дебата на Преспанскиот

Грчкиот премиер го повика шефот на најголемата опозициска партија на телевизиска дебата пред реатификацијата на Договорот од Преспа кој е неприфатлив за 70 отсто граѓани на Грција.

„Сметаме дека одржувањето на дебата со шефот на опозицијата е важен чекор во информирањето на грчкиот народ“, се вели во изјавата на канцеларијата на Ципрас според која се очекува „грчкиот народ да … суди со логика базирана на вистината, а не на слогани и националистички плачки“.

Киријакос Мицотакис, претседател на конзервативната партија Нова демократија, остро се противи на договорот, тврдејќи дека го поттикнува иредентизмот во соседната земја.

Нова демократија поддржува сложеноиме за северниот сосед, но Мицотакис – чија сестра беше министер за надворешни работи во владата на Нова демократија, која во 2008 година го блокираше обидот на Македонија за влез во НАТО – вели дека Атина отишла предалеку и попуштила околу македонскиот јазик и идентитетот.

За повеќето Грци, Македонија е име на нивната северна провинција со богата историја, позната по освојувањата на Александар Велики.

Критичарите велат дека ако и се дозволи на Македонија да влезе во НАТО и во Европската унија, Грција повеќе нема да има никаква моќ да се спречи узурпација на културниот идентитет.

SHARE

1 Коментар

  1. Tuku shto objaveno na Tweeter : New Amendment no. XXVI stating preservation and protecting of heritage of the “Macedonian people” is entirely in contradiction to the “Agreement from Prespa”. Thus, MPs in Greek Parliament will not vote for ratification, since they do not recognize “Macedonian people”.

Comments are closed.