Ципрас: Господине Мицотакис, добар ли е сега договорот од Преспа?

Екс-премиерот на Грција Алексис Ципрас денеска изрази задоволство што новиот шеф на грчаката влада решил да ја задржи „националната линија за еден национално корисен договор, за еден историски договор што ја надградува нашата Македонија и ја надградува улогата на Грција во странство“мпренесува МИА од Атина.

Господине Мицотакис, една и пол година, Вие и вашите членови бевте протагонисти во протестите за македонското прашање. Ги прифативте радикалните кои беа на протестите и многу пати го даваа ритамот на овие протести. Многу од вашите членови не нарекуваа предавници. Некои од пратениците на СИРИЗА најдоа насилници пред нивните домови, со бомби молотов, министерот за надворешни работи најде десетици заканувачки пораки со куршуми, а вие бевте предводник во критиката за предавнички договор.

Сега е добар Договорот од Преспа? Ова го вели новиот министер за одбрана новиот и министерот за европски прашања“ – рече Ципрас, во обраќање до Мицотакис во грчкиот парламент, што беше поздравено со аплауз од пратениците на СИРИЗА.

Поранешниот грчки премиер истакна дека многу поважно од тоа што го велат министрите од владата е она што Мицотакис ѝ го кажал на Тереза Меј во телефонскиот разговор.

Тој му порача на Мицотакис дека „хипокризијата во политиката се плаќа“ и во иднина ќе се соочи со она што го направил и кажал за Договорот од Преспа.

SHARE