Ципрас ќе бара гласање доверба на владата

Грчкиот премиер  Алексис Ципрас ќе побара гласање за доверба на владата во грчкиот парламент по денешната одлука на Панос каменос и неговите „Независни Грци“ да се повлечат од владата.

Ја прифатив оставката на министерот за национална одбрана, рече премиерот по состанокот со Панос Каменос.

„Мојата главна цел по напуштањето на програматаза штедење е да ја вратиме водечката улога на Балканот”, рече тој.

Седницата за гласање доверба би можеела да биде закажана за вторник и ќе трае до четврток на полноќ со гласање, јавуваат грчки медиуми.

Денешната средба на двајцата коалициони партнери траеше околу половина час.

 https://expres.mk/kamenos-nezavisni-grci-ja-napushtaat-vladata-na-cipras/

SHARE