Ципрас (ќе) има 153 пратеници за преспанскиот!

Грчката влада вчера изрази оптимизам дека ратификацијата на Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот парламент со повеќе од потребното со мнозинство од 151 пратеник. Проценките се дека за договорот ќе гласаат 153,  соопшти владин извор, пренесува Nooz.gr.

По завршувањето на уставните измени во Скопје, договорот се очекува да „влезе“ во грчкиот парламент кон крајот на февруари, и тој процес на ратификација (надлежни комиси, пленарна седница) може да се заврши за околу еден месец.

Во таков случај, отпаѓаат сценаријата за наводно закажување на предвремени избори во март.

SHARE