Oд односот кон грчкото малцинство ќе зависи  европската иднина на Албанија, му порача грчкиот премиер Алексис Ципрас на својот албански колега Еди Рама.

Грчкиот премиер рече дека прашањето на правата на грчкото малцинство во Албанија е од суштинско значење за грчката поддршка на процесот на европска интеграција на Тирана.

Средбата, пред две дена, на Ципрас и неговиот албански колега Еди Рама дојде само неколку недели откако Рама поднесе амандман на законот за туристички развој на бреговите на Албанија, според кој имотот на Грците во крајбрежната област на Химара може да биде запленет.

Според дипломатски извори, двајцата лидери разговарале за односот на Европската Унија кон имотните права во врска со грчкото малцинство во Албанија и за албанската легислатива што се однесува на прашањето на самоопределување.

Рама го уверил својот грчки колега и се обврзал дека ќе ги почитува правилата на ЕУ за имотните права на сопствениците на недвижнини што можат да обезбедат документи за сопственост.

SHARE

3 Коментари

  1. Разлика помеѓу Ципрас и Заев: Ципрас се бори за Грчката држава да го присвои тоа што не е нивно, за грчкиот народ и малцинства надвор од Грција, Заев се бори да ја продаде државата Македонија, македонскиот народ, историха, јазик, култура, македонските малцинства, ..

  2. Затоа Заев доби земја во Грчка и пари на сметка. Ги продаде македонците и во Егејска Македонија и во Пиринска.
    Заеви се пест за Македонија. Пест се уништува со вакцинирање, горење дезинфекција , дезинсекција . . . .

Оставете Коментар