Грчката влада ги отфрли денеска објавените информации во некои медиуми дека премиерот разговарал со своите колеги заизбори во март следната година.

Според пишувањето во водечки грчки медиуми, владата била на мака да обезбеди  151 глас потребни Договорот од Преспа да помине во парламентот , поради што, Ципрас, наводно, ја поставил дилемата: „Ратификација на договорот или избори“.

Во напис („Ифемирида“) се потсетува дека лидерот на коалициониот партнер „Независни Грци“ изјави дека ќесе повлече од владата доколку Договорот стигне во Парламентот, а подоцна побара од Советот за политички лидери и од претседателот на државата,  да го блокира.

Запрашанод некои пратеници за ова во понеделникот, премиерот Ципрас одговорил: „Деца… не грижете се“.

SHARE

4 Коментари

  1. Во оваа прилика би сакал да го потсетам Заев и неговата дружина дека во член 30, став 2 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните („Сл. весник на РМ, бр. 81/2005) децидно стои дека „Собранието е должно во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите од референдумот да го уреди прашањето во согласност со резултатите од референдумот“.
    Со оглед дека на одржаниот референдум на 30. септември оваа година одлука не беше донесена, што беше констатирано и од страна на ДИК, а имајќи предвид дека согласно чл. 2, став 1 од Уставот на Република Македонија „Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните“, резултатите од одржаниот референдум не го овластуваат ниту Заев, ниту кого било друг од власта да вршат промена на државното име и промена на идентитетот на Македонците.
    Такво овластување нема добиено никој во власта, ниту кој било друг фактор од опозицијата. Такво овластување и мандат нема побарано ниту една политичка партија на последните парламентарни избори во 2016 година, па оттука ниту една партија нема добиено мандат, овластување, полномошно од нас граѓаните, носителите на суверенитетот за една таква тешка и комплексна операција.
    А без овластување од суверенот никој не смее врата да отвори, а камоли да менува државно име на еден народ, уставно име на држава, библиска историја на народ, личен и колективен идентитет на повеќе милиони Македонци кои живеат во Македонија и насекаде во светот.
    Од овие причини, целата постапка што нелегитимно се тера од страна на нелегалното парламентарно мнозинство во Собранието на Република Македонија ја оценувам како геноцидна и како таква високо криминална по својата суштина.

Comments are closed.