„Преспанскиот договор става крај на фалсификувањето на нашата историја. Тој дефинитивно и неповратно става крај на навредливото присвојување на античка грчка Македонија“, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од обраќањето вечерва во Солун.

Ципрас рече дека „дефинитивно и неповратно се затвора парадоксот на иредентизмот на Македонија на јасен што ќе се одрази во Уставот на соседната земја“

„Ппрозорецот што го отвори национално неодговорниот став на (претходните –н.з.) грчките влади, што доведе до ризнавање на нашата соседна земја во светот со сегашното уставно име, односно како Република  Македонија“.

Премиерот појасни дека „ако соседната земја ги исполни сите свои обврски според договорот, таа ќе биде интегрирана во меѓународни институции и ќе биде признаена на глобално ниво под новото име“.

Тој истакна дека  сите големи напори во надворешната политика биле в правец да се реши едно големо прашање за Грција и за целиот регион на Балканот. Македонското.

Околу 2.000 полицајци беа распоредени на улиците со цел да ги спречат најавените протести против обраќањето на премиерот и против преспанскиот договор.

SHARE

2 Коментари

  1. Најголемо разочарување за мене не е Заев, туку Иванов! А што се однесува до Ципрас би му кажал:
    „ ДАЛЕКО Е СОЛНЦЕ”!

    • Hahaha, Janakis ne se nerviraj na Cipras nema da mu pomine vo Gr. Parlamentot, posebno ne bez dopolnitelniot Aneks za jazikot, a na krajot go chekaat Rusite vo SBON, a za Fikus si vo pravo, kukavica i ljigush, hahaha!

Comments are closed.