Со официјалната церемонија во селото Кирковона југот на Бугарија денеска беше означен почетокот на изградбата на гасоводна врска помеѓу Бугарија и Грција.

182-километарскиот гасовод ќе ги поврзува Бугарија и Грција а премиерот Бојко Борисов го пречека својот грчки колега Алексис Ципрас, и со џип се провозаа до местото каде што е планирано да поминува интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија.

Медиумите од соседството пренесуваат дека Борисов и Ципрас ќе одржат состанок со четири очи за да разговараат за соработката помеѓу Бугарија и Грција, како и енергетските, инфраструктурните и транспортните врски во балканскиот регион.

SHARE