Црна Гора ги отвора границите, но не и за граѓани од Македонија

Црна Гора од 1 јуни ќе ги отвори своите граници за граѓаните од Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Полска, Чешка, Унгарија, Албанија и Грција.

Премиерот Душко Марковиќ рече дека се отвараат граници за државите што ги исполнуваат критериумите на Институтот за јавно здравје во првите денови од јуни.

На прес-конференцијата во Подгорица, Марковиќ рече дека критериум би бил најмногу 25 заразени на 100.000 жители, пренесува РТ ЦГ.

Тој истакна дека Црна Гора ја доби битката со коронавирусот и стана првата „без круна“ земја во Европа.

SHARE