Црна Гора од 1 јуни ќе се отвори и за македонските државјани

Македонија се најде меѓу 26 земји чии државјани од 1 јуни ќе можат слободно да влезат во Црна Гора, откако нејзиното Национално координативно тело (НКТ) за заразни болести ја стави на проширената листа.

На предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, НКТ постави услов за влез без карантин и самоизолација ако стапката на активни случаи на коронавирус е помала од 25 на 100.000 жители во државата чијшто странец е резидент и во државата од која странецот влегува во Црна Гора.

Според податоците на Институтот, Македонија има стапка на активни случаи на Ковид-19 од 21,60.

Листата ќе се ажурира еднаш неделно.

SHARE