Арена „Филип Втори“ ќе замине во историјата, согласно Преспанскиот договор, а  Грците веќе реагирале откако фудбалската репрезентација одигра меч од квалификациите на домашен терен, а во службениот извештај стоеше дека името на стадионот е „Филип Втори“.

Постојат неколку опции за новото име на стадионот: многу веројатно е да се вика „Национален стадион Скопје“, но исто така можно е да го носи името и на некој спонзор, доколку има заинтересирани компании кои би вложиле за да го добијат ексклузивното право за одреден временски период, пишува порталот Екипа.мк.

 Многу помала веројатноста е стадионот да добие име по некој познат фудбалер или фудбалски работник.

Владата преку Агенцијата за млади и спорт истовремено издаде барање до сите спортски федерации да изберат ново име – дали ќе се викаат федерација на Северна Македонија или пак Национална федерација.