Цуцуловски: Далеку од умот е да се бара амнестија пред некој да биде осуден

Професорот Љубомор Цуцуловски се произјасни за нелогичностите во Законот за амнестија, индиректно оддавајќи им почит на Јане Ченто и на Игор Дурловски, кои се откажаа од можноста да ја побараат.

„ДАЛЕКУ ОД УМОТ Е… Далеку од умот е да се бара амнестија пред некој да биде конечно осуден, односно пред да биде дефинитивно утврдена неговата законска вина. Меѓутоа, така е во земји во кои владее умот и во кои судството и прогонот не се во функција на кренати два прста за носење одлуки, ниту се партизирани, ниту се политизирани, ниту се суди и прогонува според етничка припадност. Меѓутоа, во земји во кои се носат одлуки независно од Уставот и законите; во кои се суди селективно и пристрасно (според партиската или етничката припадност); во кои не се знае според кои критериуми некои обвинети се ослободуваат од притвор, а други се ставаат во притвор; во кои владее правилото да нема правило, освен правилото на моќта, ризично е да се искористи можноста (како што е и ризично да не се искористи можноста) што ја дава Законот за амнестија, бидејќи не се знае каков ќе биде крајниот резултат – дали ќе биде според правдата, правото и очекуваното, или ќе биде наспроти нив. Најверијатно, ретки ќе бидат тие кои нема да ја искористат проблематичната законска можност за амнестија. Меѓутоа, дотолку повеќе за почит ќе бидат оние кои оваа можност нема да ја искористат, потврдувајќи дека се длабоко убедени во она за кое се залагале и за кое им се суди“, напиша Цуцуловски на својот профил на Фејсбук.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.