Професорот Љубомир Цуцуловски ја коментира информацијата од Грција дека премиерот Алексис Ципрас се обидува да обезбеди најмалку 180 гласови од вкупно 300 пратеници во Парламентот за евентуалниот договор со северниот сосед, ставајќи го тоа во корелација со македонските власти.

„МАЛА“ РАЗЛИКА. Додека во Грција се размислува да се зголеми процентот (бројот на гласови) на пратениците при евентуалното гласање за новото име на Република Македонија (ако дојде до тоа) во Република Македонија е обратно – се размислува како да се овозможи со што помал број гласови да се прифати (евентуалната) промена на името. Ова говори дека: (а) грчките власти веруваат во исправноста на она што го прават и (б) македонските власти ни самите не веруваат во она што го прават, бидејќи кога би верувале во исправноста на она што го прават, не би барале начини за намалување на бројот пратеници со кој би се прифатила евентуалната промена на името“, напиша Цуцуловски на својот профил на Фејсбук.

 

SHARE

Comments are closed.