Делегација од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски утрово по повод националниот празник Илинден, положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена боpец.

Делегацијата потоа положи цвеќе и пред спомениkот на Никола Карев пред Собранието , како и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со Сојузот на борците ќе положи цвеќе на Алејата на славните, по што ќе следува прием за гостите и за делегацијата на борците во претседателската вила на Водно, каде што Пендаровски и претставник на Сојузот на борците, ќе имаат и свои обраќања по повод празникот. 

SHARE