„Госпоѓо Цветанка, немој уште повеќе да го разочаруваш членството, ќе дојдат и други избори. Не продавај филмови како Силвана Бонева дека не си знаела, Мислиш ли дека ние граѓаните пиеме нафта“, е една од редицата критики на социјалните мрежи од револтирани граѓани и членови на СДСМ по нејзинотооградување од грантот од 330.000 евра што го доби нејзината снаа.
Цветанка Ласкова се огласи по повод скандалот со грантот од 330.000 евра кој од Фондот за иновации го добила фирмата Декодикс, помеѓу чии сопственици е и Христина Керкез, сопругата на нејзиниот син Горан Кан
Тоа и претходниот, во најмала рака дрзок пост на Горан Кан во кој напиша „Боже, колку сум популарен и богат. Фала ви Тина Керкез и Цветанка Ласкова и секако, НАТО“, ги „запалија“ социјалните мрежи пишува „Фокус“.