Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова реагира на заканата од потпретседателот на Владата за евроинтеграции Бујар Османи дека секое отворање на Законот за употреба на јазиците ќе нè врати пред 2001 година, односно пред воениот конфликт.

„Нема датум за преговори?! Нема ни да има кога вицепремиер во Владата индиректно се заканува со дестабилизација на државата како онаа во 2001 година или со други зборови – меѓуетнички вооружен конфликт. Кој сака потенцијално конфликтна држава во своите редови? Џабе името го сменивте“, објави Цветанова на Твитер.