Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова прашува на што мислел министерот Никола Димитров кога вчера на Фејсбук напиша„ бојкотот на референдумот имаше иста цел – да се факторизираат пратениците, за да се тргува со одговорноста“ во статусот во кој се обиде да се огради од аферата „Рекет“.

На „Твитер“ јавно го праша министерот за надворешни работи:

„ Дали во патетичниот обид да се дистанцира од „Рекет“, кога Никола Димитров вели: „Бојкотот на референдумот имаше иста цел, да се факторизираат пратениците за да се тргува со одговорноста” – мисли на отфрлање на кривичната на една од пратеничките за СК 2014 од страна на СЈО? 

и

„Дали после признанието на Никола Димитров во кое кажува дека со пратениците се тргувало за промена на името и Уставот на Македонија, истиот ќе биде повикан на распит да даде изјава? Дали ќе има официјална истрага? Дали е ова вовед во поништување на Преспанскиот договор?, прашува Цветанова.

SHARE