Цветанова до Фрчкоски: Суштината е во правото на самоопределување

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова му реплицира на ексминистерот за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчкоски за изјавата дека Македонија е „измислена“ по Втората светска војна од Титова Југославија.

„Фрчкоски тврди дека МК е измислена нација. Патем кажано, сите нации се измислени. Не случајно Бенедикт Андерсон ги нарекува ‘замислени заедници’. Суштината не е во нивната лажност или вистинитост, туку во правото на самоопределување на нејзините членови!“, му одговори Цветанова преку својот профил на „Твитер“ на професорот и неуспешен претседателски кандидат.