Цветанова до Тимоние по Стразбур: Ако ова е таа ЕУ, јас би да причекаме

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова по терористичкиот напад во Стразбур му реплицира на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за безалтернативноста на Преспански договор во однос на членството на Македонија во Европска унија.

„Францускиот амбасадор Тимоние ни порачува дека не постоел резервен план за Договорот од Преспа. Алтернативата било да се остане парализиран на патот кон ЕУ. Ако е ова ‘таа’ ЕУ каде што треба да итаме, јас би да останеме и причекаме…“, напиша на својот профил на Твитер министерката за култура од јули 2000 до ноември 2002 година.

 

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.