Поранешната министерка за култура, Ганка Самоиловска Цветанова, на Твитер постави прашање дали навистина постои разлика помеѓу концептот на Голема Албанија, Голема Србија и најновиот грчки слоган „Macedonia the GReat“?, промовиран од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Солун на настан на кој беа поканети и присуствува македонскиот и бугарскиот премиер, Зоран Заев и Бојко Борисов

„Нема разлика. Сите три концепти почиваат на иредентистичка идеологија“, сподели на Твитер Цветанова. 

Macedonia is GReat е добар повод да се запали договорот, порача претседателката на партијата „Глас за Македонија,Солза Грчева.

SHARE