Цветанова: Рекет се одвива по шемата на ТАТ

Професорката Ганка Цветанова тврди дека власта сака да ја затвори аферата Рекет по урнек на случајот ТАТ кога беше осудена само Соња Николовска а иницијаторите на кражбата на огромни пари останаа неказнети.

“Судскиот процес РЕКЕТ се одвива според веќе добро познатата ТАТ стратегија: да има обвинети – Боки13 и Катица Јанева како пандан на Соња Николовска – а да се забошоти и остане непознато кој е мозокот на аферата, кои се актерите од власта и КАЈ КОГО ЗАВРШИЈА ПАРИТЕ”, пишува Цветанова.

Половина година по откривањето на аферата се уште не се знае каде завршија парите од скапоцените брендирани торби.

SHARE