Некогашната министерка за култура Ганка Цветанова ја оцени како хипокризија и популизам најавата од министерот за здравство Венко Филипче дека ќе присуствува на протестот против насилството врз здравствените работници.

„Докторот Филипче ќе протестира против министерот Филипче. Ова му доаѓа како македонска верзија на ‘Крамер против Крамер’. #Хипокризија #Популизам“, објави Цветанова на Твитер.

SHARE